Мексиканскиот второлигаш Минерос де Закатекас се прочу низ светот благодарение на (не)намерна грешка.
Клубот кој е формиран во 2014 година, преку ноќ стана популарен, а причина за тоа е сериозен гаф. При претставувањето на дресовите за сезонава, на едната фотографија фудбалерот позира пред ѕид на кој има нацртано машки полов орган.
Сликата стана хит на социјалните мрежи. Дали е грешка на маркетингот на клубот или намерно сакаа да предизвикаат внимание, не се знае, но сигурно е дека многумина слушнаа дека постои Минерос де Закатекас.