Мајкл Овен веќе не може да го гледа реалното шоу во кое ќерка му е една од ѕвездите (Видео)

На листата на најдобрите англиски напаѓачи во последните 30-тина години сигурно има место и за Мајкл Овен. Легендарниот голгетер ги тресеше противничките мрежи како играч на Ливерпул, Реал Мадрид, Њукасл, Манчестер јунајтед и Стоук, а пред речиси една деценија ја заврши кариерата.

Овен сега повторно е актуелен во англиската јавност, но не поради фудбалот, туку поради неговата ќерка Џема. Таа има 19 години и е дел од реалното шоу „Остров на љубовта“. Уште пред речиси 20-тина дена, Овен реагираше дека ќе му биде тешко да ја гледа ќерка му во шоу каде што главната цел е заведување на некој од спротивниот пол. Мајкл уште тогаш најави дека нема да може да гледа како ќерка му е во кревет со некое машко и дека би го искршил телевизорот ако види такво нешто.

Како што одминува шоуто, така страстите се вжештуваат, а Џема и останатите девојки имаа за задача да ги заведат машките учесници. Ќерката на познатиот фудбалер заигра во скут кај сите машки учесници, а Мајкл Овен тоа го прокоментира со реакција на „Твитер“, на кое има „човече како ги покрива очите со рацете“, испраќајќи порака дека не може да го гледа тоа на телевизија.

https://twitter.com/i/status/1541785054107557890

- Оглас -

Најнови вести