Барселона испрати нова официјална понуда до Баерн Минхен за услугите на Роберт Левандовски.
Понудата гласи 40 милиони евра, плус околу 10 милиони евра во одредени бонуси, што е најблиску до условите кои ги постави германскиот првак. Се верува дека оваа понуда ќе биде прифатена, а трансферот на полскиот бомбардер би требало да се комплетира до 12 јули.
Ова е последен обид на Каталонците да го остварат толку посакуваниот трансфер, а познато е дека клубот од претходно ги договори личните услови со Левандовски, односно со неговиот агент Пини Захави.