Без Роналдо, потоп за Реал: Кралевите досега дадоа 26 гола, а Меси и Суарез сами имаат вкупно 28 погодоци

  • По девет сезони, Реал Мадрид ја игра првата сезона без Кристијано Роналдо и веднаш се гледа колку Португалецот недостасува на гигантот од „Сантијаго Бернабеу“. Кралскиот клуб има освоено само 30 бодови во 18 меча и е на дури петото место на табелата. Вечниот ривал Барселона им бега дури 10 бодови.

Главна причина за лошите резултати на Реал е слабата реализација. Едноставно како да нема кој да постигне гол. Во досегашниот дел од Примера, Реал даде само 26 погодоци. Колку за споредба, напаѓачкото дуо на Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез заедно веќе имаат 28 голови. Аргентинецот е водечки стрелец во лигата со 16 погодоци, а Суарез досега постигнал 12 голови.

Едноставно огромна е празнината во Реал по заминувањето на Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести