Францускиот тенисер Уго Амберт пристигна на мечот од второто коло на Вимблдон без сетот рекети за игра, што предизвика симпатични насмевки кај публиката, но потоа докажа дека не е дојден во Лондон како турист со најголемата сензација на ова издание на лондонскиот гренслем во машка конкуренција.
По неколку минути откако сфати дека нема рекет за игра, веднаш му го донесоа комплетот од соблекувалната и потоа се случи вистинско чудо.
Во четири сета Амберт го елиминира третиот носител Каспер Руд, кој пред петнаесетина дена играше во финалето на Ролан Гарос.
Францускиот тенисер славеше со 3:1, со 3:6, 6:2, 7:5, 6:4 и го исфрли од турнирот големиот фаворит од Норвешка.
https://twitter.com/Wimbledon/status/1542118079341240320?s=20&t=lL1Ogf4RIaz2lyaJ9GN-Hw
Амберт е 112-ти на АТП-листата и неговиот успех денеска е и најголемото изненадување досега во машкиот дел на турнирот што е во тек на Вимблдон.