Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина од Вимблдон откако во меч кој траеше четири часа и се одиграа пет сета, загуби од Јири Весели. Давидович Фокина водеше со 2:1 во сетови, но Весели не се предаде, па стигна до 2:2, а решавачкиот петти сет мораше да се реши во тај-брејк.
При резултат 9:7 за Весели во тај-брејкот, Давидович Фокина ги загуби нервите и со рекетот го удри топчето, кое заврши далеку на трибините. За овој неспортски потег Шпанецот беше казнет со одземање на еден поен, а тоа всушност беше и последниот поен на мечот со кој Весели стигна до 10:7 во тај-брејкот и победа од 3:2 во сетови.
— doublefault28 (@doublefault28) June 29, 2022
Иако Давидович Фокина беше лут и со судиски поен го загуби мечот, Шпанецот веднаш замина кај судијата и му подаде рака по мечот. Весели со победата се пласира во третото коло на Вимблдон.