Мане најави: Баерн Минхен ќе „гази“ во Лигата на шампионите

Садио Мане, новото засилување на Баерн Минхен, е оптимистички расположен за тоа што ќе се случува следната сезона во елитниот европски фудбал, популарно наречен Лига на шампиони.

Баерн Минхен беше разочарување во ЛШ минатата сезона, откако во четвртфиналето изненадувачки беше елиминиран од Вилјареал. Мане најавува дека во новата сезона нема да биде така.

„Секако дека ги гледав мечевите на Баерн минатата сезона во ЛШ. Тимот не успеа да се претстави во најдобро светло, но јас ве уверувам дека следната сезона резултатите ќе бидат поинакви. Сега сум тука и ќе дадам сè што треба. Треба да веруваме дека можеме секого да победиме. Според мене, овој тим на Баерн Минхен има квалиет и може да победи секого“, вели Мане.

Во последните две сезони, Баерн е елиминиран во четвртфиналето, а една година претходно Баварците се радуваа на трофејот откако во финалето со 1:0 го победија Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести