Салах сега е четврти најплатен фудбалер во светот, пред него е само триото од ПСЖ

Мохамед Салах вчера стави крај на сите дилеми околу неговата иднина и потпиша нов договор со Ливерпул. Египетскиот напаѓач со новиот договор доби и нова, многу поголема плата од тоа што досега го добиваше.

Салах се согласи да остане на „Енфилд роуд“ за неделна плата од околу 400.000 фунти, односно околу 464.300 евра. На годишно ниво таа сума е над 20 милиони евра.

Со оваа плата, Салах дојде до четвртото место на најплатени фудбалери на денешницата. Пред него е само недопирливото трио од Пари Сен Жермен, а прв на листата е Килијан Мбапе со неделна плата од 1.160.020 евра. Следува Лионел Меси со 1.113.560 евра неделна плата, додека Нејмар заработува 702.939 евра.

Зад Салах, според негелната плата се Кристијано Роналдо и Кевин де Брујне кои добиваат по 446.000 евра, а Ерлинг Халанд кој летово потпиша за Манчестер сити, ќе добива 435.000 евра, колку што е и платата на голманот на Манчестер јунајтед давид де Хеа.

- Оглас -

Најнови вести