Поранешниот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, и екс голман, Данило Брестовац, е нов тренер на ГРК Тиквеш 2014.
По една сезона во клуб од Саудиска Арабија со кој стана шампион, Брестовац се враќа во Македонија и тоа во кавадаречкиот суперлигаш.
Брестовац во минатото беше главен тренер и во Металург, а како тренер има работено уште во Луксембург и Франција. Во Тиквеш тој ќе го наследи Горан Андоновски кој замина во Охрид.