Првата светска тенисерка Ига Швојнтек, го заврши настапот на Вимблдон откако денес претрпи шокантен пораз од Ализ Корне со 4-6, 2-6.
Со овој пораз заврши неверојатната низа на полската тенисерка од 37 победи по ред, што е рекорд во женскиот тенис. Швјонтек беше една од фаворитките да го освои третиот овосезонски гренслем, меѓутоа настапот го заврши по само три кола.
До големата сензација Корне стигна откако направи два брејка на стартот од дуелот за водство од 3-0 во гемови, а потоа на свој сервис стигна до 1-0 по певиот сет. Швјонтек најави камбек откако поведе со 2-0 во вториот сет, но потоа Французинската ги освои наредните шест гема и го оствари големото изненадување.
https://twitter.com/Wimbledon/status/1543273351912869890
Во меѓувреме Симона Халеп се пласира во осминафиналето по победата од 6-4, 6-1 над Магдалена Фрех.