Шкупи го вози Линколн со африкански танц, Данфа и Адетунџи погодија за сигурна предност по првото полувреме

Сенегалецот Мамаду Данфа го постигна првиот гол во дресот на Шкупи, по него погоди и Нигериецот Сандеј Адетунџи и чаирчани имаат сигурна предност од 2:0 против Линколн Ред Импс по првото полувреме на првиот меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Во 11-тиот меч за Шкупи, Данфа го постигна деби голот за македонскиот првак во 11-тата минута и најави победа против ривалот од Гибралтар.

Чаирчани интересно имаа помал посед на топката од гостите, 45 отсто наспроти 55, но беа одлични во реализацијата, па и Адетунџи со гол во 29-тата минута донесе радост на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести