Ракометарите останаа без медал на Медитеранските игри, загубија од Србија

Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби од Србија со 29-34 во мечот за трето место и, за жал, остана без медал на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.

Втората половина на првото полувреме и првата половина на вториот дел се покажаа како клучни периоди во кои Србите ја направија клучната разлика и резултатски им побегнаа на избраниците на Кирил Лазаров.

Македонија добро почна, водеше со 8-5, 9-6 и 10-7, но следуваше лош период на Црвено-жолтите, особено во одбтаната, и на пауза се замина со 15-13 за Србија. Нашиот северен сосед ја одржуваше, а потоа и постепено ја зголемуваше предноста, која достигна и плус седум (30-23), по што стана јасно дека Србија ќе биде бронзена, а Македонија останува без медал.

Во финалето попладнево ќе играат Египет и Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести