ПСЖ е блиску да го комплетира вториот трансфер за ова лето. Ќе се засилува нападот со Џанлука Скамака, голгетерот на Сасуоло кој го носеше и дресот на Џенова и играше заедно со Горан Пандев.
Светците се договорија со Сасуоло на сума од 45 милиони евра, ќе има и одредени бонуси, додека италијанскиот голгетер веќе се согласил на договор од 3 милиони евра годишна заработка.
Скамака ќе го пополнува местото на Икарди, кој е на излезна врата откако импресионираше во ланската сезона во Калчото со 16 погодоци.