Челзи чека благослов од шампионот за услугите на Аке

Челзи ги договори личните услови со Нејтан Аке, холандскиот дефанзивец на Манчестер сити, останува само двата клуба да ја договорат сумата на трансферот.

Се верува дека англискиот првак ќе се задоволи со околу 40 милиони фунти, што е прифатлива цена за Сините и само прашање е на време кога Аке заедно со Стерлинг ќе допатуваат во Лондон.

Холандскиот дефанзивец е поранешна надеж на Челзи. Таму ја започна сениорската кариера иако не доби вистинска шанса. Аке е стопер по мерка на тренерот Тухел и му гарантира поважна улога во тимот, односно минутажа која не ја добива на „Етихад“.

- Оглас -

Најнови вести