За само две години го продадоа 11 пати повеќе од тоа што го купија

Шкотскиот репрезентативец Арон Хики во новата сезона ќе го носи дресот на Брентфорд. Хики кој игра на позицијата лев бек, во последните две сезони имаше одлични натпревари во дресот на Болоња, што беше најава за негов трансфер во Премиер лигата.

Болоња од овој трансфер на Хики ќе заработи 11 пати повеќе од тоа што потроши пред две години за негово доведување. Италијанскиот тим го купи Хики за 1,7 милиони евра, а сега трансферот му изнесува 16,5 милиони евра, плус 5,5 милиони евра кои треба да бидат дадени во вид на бонуси.

Од оваа година Хики доби шанса и во репрезентацијата па веќе има четири одиграни средби за Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести