Актуелниот светски првак во Формула 1 шампионатот, Макс Ферстапен е победник на спринт трката на патеката за Големата награда на Австрија која се води како домашна трка на тимот на Ред Бул.
Ферстапен беше на стартната позиција и не дозволи да биде изненаден од ривалите од Ферари кои завршија зад него. Втор е Шарл Леклер, а потоа следуваат Саинц, Расел, Перес и Окон.