Сатисфакција за навивачите на Ливерпул – Францускиот сенат подготви извештај за финалето во ЛШ и го нарече “ФИЈАСКО“ на УЕФА

Извештајот на францускиот сенат за финалето на Лигата на шампионите е веќе готов и ќе биде презентиран на 13. јули, а според најавите претставува вистинска победа на навивачите на Ливерпул и е катастрофален за УЕФА, која беше организатор на мечот Реал Мадрид – Ливерпул во Париз.

Извештајот е наречен „Фијаско“ на организаторите и има премногу пропусти и на безбедносен план и во вкупната организација на финалето што се играше во Париз на 28. мај, а го доби Кралскиот клуб со 1:0.

Стотици навивачи на Ливерпул претрпеа голгота и не можеа да влезат на стадионот „Сент Дени“, иако имаа влезници, па дури беа нападнати од обезбедувањето со солзавец.

УЕФА и домаќините се правдаа дека имале лажни билети, но вистината е сосема поинаква, па според извештајот на францускиот сенат кој спроведе истрага за бламажата вината е кај организаторите и пред се кај УЕФА, под чија капа се игра Лигата на шампиониоте.

 

- Оглас -

Најнови вести