Британскиот боксер Дерик Чисора успеа да му се реваншира на Кубрат Пулев и славеше во реванш мечот за интерконтинентална титула на Светската боксерска асоцијација. Двобојот беше во „О2 арената“ во Лондон, а по исцрпувачки 12 борби, домашниот боксер се израдува со 2:1 по гласање на судиите.
Двајца од арбитрите гласаа во корист на Чисора и тоа со 116:112 и 116:114, додека еден судија му даде предност на бугарскиот боксер со 116:112.
Исцрпувачки беше мечот, а на крајот, 38-годишниот британски боксер покажа еден од своите најдобри перформански и стигна до 33 победа во 45 меч. За популарната Кобра ова беше само трети пораз во 32 меча од профи кариерата.
Into the reserve tanks ⛽️#ChisoraPulev2 pic.twitter.com/uw0SVwazB4
— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) July 9, 2022
„Беше тешко. Тој е сјаен боксер. По толку побрази, ми беше потребна една победа и сјајно се чувствувам како победник. Истовремено сум и тажен затоа што знам дека нема уште многу долго да бидам во рингот. Мојот следен меч мора да биде уште посилен, не сакам лесни противници. Би сакал следен противник да ми биде Деонтер Вајлдер“, рече Чисора по победата над Пулев.