Јирген Клоп се пошегува на ситуацијата во Бангкок, по слетувањето на експедицијата на Ливерпул за пријателскиот меч со Манчестер јунајтед што ќе се игра на 12. јули.
Првото прашање од Германецот за новинарите кои ја чекаа фудбалската експедиција на Ливерпул е легендарно.
„Првото прашање за вас ми е, дали вака изгледаше и пречекот на Менчестер јунајтед вчера?“, ги насмеа присутните менаџерот на Ливерпул.
Пристигнувањето на двата гиганти во Бангкок предизвика огромен интерес, а се очекуваат полни трибини на стадионот „Раџамангала“ задутре на дуелот на двете најтрофејни англиски екипи.
Ливерпул потоа ќе игра уште еден пријателски меч во Азија, против Кристал палас во Сингапур, па ќе се вратат во Европа, а Манчестер јунајтед по дуелот со Ливерпул ќе игра три натпревари во Австралија, против Мелбурн виктори, Кристал палас и Астон Вила.