Манчестер сити денес ги презентираше трите нови засилувања на своите навивачи. Пред „Етихад“ се појави Ерлинг Халанд, новата ѕвезда на англискиот првак, како и младиот Хулијан Алварес и голманот Стефан Ортега.
Нормално, навивачите беа најсреќни при обраќањето на Халанд, а тој веднаш ги придоби нивните симпатии со одговорот на прашањето, против која екипа со нетпрение чека да се сретне во Премиер лигата:
„Не би сакал да ги изговорам овие зборови, но… Манчестер јунајтед“, кажа Норвежанецот.
Erling Haaland when asked which team he looks forward to playing against the most next season: "I don’t like to say the words but… Manchester United" from soccer
Разбирливо градското дерби во Манчестер ќе биде едно од повозбудливите натпревари во новата сезона, знаејќи ја силата на Сити, додека Јунајтед е во процес на реконструкција под палката на Ерик Тен Хаг.