Ѓоковиќ: Во план ми е да дојдам во Македонија и да одиграм меч против Калин Ивановски

По одвојувањето на седмата титула на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ на прес конференцијата зборуваше и за можното негово доаѓање во Македонија. На прашање поставено од дописникот на Макфакс и Топспорт, Ѓоковиќ најави дека сака да дојде во Македонија и да одигра еден тениски меч со Калин Ивановски.

„Се надевам дека многу скоро ќе ја посетам Македонија, тоа ми е во план. Не знам дали ќе биде во наредните неколку недели, но дефинитивно ми е во план. Би ги поздравил моите драги браќа и сестри во Македонија. Имам неколку пријатели од Скопје кои постојано ми праќаат фотографии од Скопје и од Охрид и ми даваат поддршка. Пред две години зборував со Претседателот на Македонија да напрвиме Адриа тур и во Македонија, но за жал поради короната сè се заврши како што се заврши. Сепак, тоа не значи дека во иднина нема да ја посетам Македонија. Во Македонија сум бил како многу мал, а би сакал да дојдам таму и да одиграм еден тениски меч со новата надеж на македонскиот тенис Калин Ивановски. Го гледам како игра и можам да кажам дека е одличен“, вели Ѓоковиќ во дел од интервјуто, а целото интервју може да го прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести