Една од главните теми на годинешниот Вимблдон беше и мистеријата што се наоѓа во шишето на Новак Ѓоковиќ од кое тој вдишува „нешто“.
Британски новинар објави дека се сомнева оти победникот на Вимблдон користи некакви недозволени супстанци. Еден од најбруталните одговори на ова, ги даде легендарниот српски одбојкар Владимир Вања Грбиќ.
„Британски новинар објави дека се сомнева оти Новак зема недозволени средства, па го интересира што имаше во шишето од кое Новак нешто вдиша. Доби стотици коментари, а еден од тие: Тоа е воздух од Србија, во кој има осиромашен ураниум поради бомбардирањето на НАТО и тоа му дава атомска моќ“ – порача Грбиќ на Инстаграм.