Баерн мора да го испразни подлабокиот џеб, или ништо од Де Лихт

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, денес беше во Торино каде ги почна преговорите за транфер на Матајс Де Лихт. Како што стојат работите, еднодневното патување до Италија му беше залудно, бидејќи Јувентус ја одби првата понуда од Баварците.

Имено, за Бјанконерите малку се 60 милиони евра, очекуваат барем 80 милиони евра за да размислат околу прифаќање на потенцијалниот трансфер. Старата дама можеше да заработи многу повеќе доколку Де Лихт се согласеше на преселба во Лондон, поточно во редовите на Челзи, но самиот Холанѓанец истакна дека сака само во Баерн, ако веќе мора да ја менува средината.

Се очекува Баерн да испрати нова, побогата понуда, а дали таа ќе биде според условите на италијанскиот гигант, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести