Барселона официјално го потврди доаѓањето на Французинот

Еден од најталентираните француски играчи, Жан-Клер Тодибо од следната сезона ќе го облече дресот на Барселона. Централниот дефанзивец на Тулуз досега има настапи за младинската селекција на Франција, но уште не дебитирал за сениорскиот состав.

Тодибо има 19 години и сезонава за првпат заигра за Тулуз и веднаш го привлече вниманието на повеќе европски екипи, Манчестер сити и Јувентус, но Барселона е изборот на Французинот кој во јуни ќе дојде како слободен играч. Тој е корпулентен, игра со десната нога, а знае да игра и како централен во средниот ред.

 

- Оглас -

Најнови вести