Францускиот фудбалски плејмејкер, Пол Погба, се врати во Јувентус за кој играше и од 2012 до 2016 година. По камбекот, тој кажува колку многу ја сака Старата дама од Торино.
„Како што се вели: Доме слатки доме. Можам да кажам дека е прекрасно, има неверојатна атмосфера тука која не можам да ја објаснам. Многу сум среќен, одвај чекам да заиграм за Јувентус. Овој клуб ми даде шанса да станам Погба. Овој дрес и клуб ми значат премногу, и сакам да возвратам за љубовта која тие ми ја дадоа“ – вели Погба.
Амбициите на Погба се да освојува трофеи со Јуве.
„Сакам да освојувам трофеи. Овој клуб заслужува да победува и секогаш да биде прв. Моето срце одлучи во кој клуб ќе ја продолжам кариерата. Ќе бидам уште посреќен кога ќе освоиме некој трофеј. Напред Јуве, одиме до крај“ – порача Погба.