Нема место за Роналдо во нападот кој го предводат Меси, Мбапе и Нејмар

Жорж Мендеш, агентот на Кристијано Роналдо, наводно го понудил Португалецот на ПСЖ, меѓутоа добил негативен одговор од Градот на Светлината.

Според странските медиуми, нема место за Роналдо во нападот кој го предводат Меси, Мбапе и Нејмар. Моменталните услови не им дозволуваат на Парижаните да го ангажираат 37-годишниот расен голгетер.

Сé потешка е мисијата на Мендеш да му најде нов клуб на Кристијано, кој е решен по само една сезона да го напушти Манчестер јунајтед. Се вршат напори за да се избегне предавство, односно Роналдо да заврши во Челзи, клуб кој моментално може да ја плати оштетата од 15 милиони фунти и да ја покрие платата на португалската мегаѕвезда.

Баерн Минхен се покажа како можна дестинација, но германскиот првак исто така му ја затвори вратата на Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести