Шкупи се пласираше во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони, откако со вкупни 3:2 по двата меча го елиминираше Линколн кој е првак на Гибралтар. Македонскиот првак вечерва се намачи на гостински терен кај Линколн и загуби со 2:0, но благодарение на победата од 3:0 на првиот меч во Скопје, си обезбеди двомеч против хрватскиот шампион Динамо Загреб во следното коло.
Шкупи нема многу време за барање на грешките од денешниот меч и треба да се фокусира за дуелот во Загреб против Динамо, кој се игра на 19 јули од 19 часот. Чаирчани преку социјалните мрежи упатија порака која гласи „Загреб, ние доаѓаме“.