Денис Суарес, играчот за врска на Барселона, дал согласност да се пресели во Арсенал во овој преоден рок. Според англискиот „Мирор“, 25-годишниот играч е одлучен дека сака да си замине од „Камп ноу“. Суарес верува дека мора да си оди од каталонскиот гигант за да си ја спаси кариерата.
Според најавите, Суарес ќе игра како позајмен играч во лондонскиот тим, а потоа постои опција за сума од 15 милиони фунти да го откупи неговиот договор. Англискиот гигант не е во можност да троши многу пари во јануарскиот преоден рок бидејќи на тој начин ќе го прекрши финансискиот фер-плеј, па договорот со Суарез е вистински потег за „топчиите“.
Суарез дојде во Барселона во 2016 година од тимот на Вилјареал, но не успеа да се наметне во стартниот тим. Вкупно има одиграно 69 меча и постигнал осум погодоци.