Калиду Кулибали уште вчера пристигна во Лондон да ги комплетира медицинските прегледи во пресрет на неговиот 40-милионски трансфер во Челзи. Сенегалскиот стопер ќе заработува 10 милиони евра по сезона, а наскоро треба да добие уште двајца нови партнери во одбраната.
Сините работат со полна пареа, Стерлинг беше претставен вчера, наскоро и Кулибали, па сега фокусот е свртен кон Нејтан Аке и Преснел Кимпембе, стоперите на Сити и ПСЖ.
Наводно Светците ќе го пуштат Кимпембе за сума помеѓу 50 и 60 милиони евра за да може да го финансираат трансферот на Милан Шкрињар. Веќе се отпочнати преговори, Тухел даде зелено светло со желба повторно да соработува со францускиот дефанзивец.
Слична сума бараат и Граѓаните за Аке, што за Челзи не е проблем под водство на новиот газда Тод Боли. Холанѓанецот е блиску до враќање на „Стемфорд бриџ“ откако не успеа да избори место во стартниот тим кај Гвардиола.