МЗТ Скопје донесе американски центар кој дава тројки и често забива

Американецот Еван Максвел (27 год, 208 см.) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром во пресрет на новата сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор.

„Станува збор за центар, зад кого се три сезони во европската кошарка во кои остварува двоцифрен поентерски учинок. Одлично се снаоѓа во играта „два на два“, не му е проблем да погоди тројка, а кога е во рекетот акциите речиси редовно ги завршува со забивање. Максвел минатата сезона ја мина во украинскиот тим Запорожје, каде што на 24 средби просечно реализираше 11 поени со 6,7 скока, додека претходно настапуваше за британскиот прволигаш Њукасл Иглс и за словачкиот тим БК Списка со просечна реализација на 13 поени со 6,4 скока односно 15,6 скока со 7,5 скока“ – информираат од МЗТ.

Во МЗТ сега има четворица странци од кои тројца Американци (Мајк Кафи, Бре Ајви и Максвел), како и еден Србин (Страхиња Миќовиќ). Од македонските кошаркари, тука се Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев и тројцата младинци – Димитар Иванов, Марко Спасовски и Бојан Величковски.

- Оглас -

Најнови вести