Баварците потврдија дека го губат Левандовски, го продолжија Гнабри, негираат за Роналдо

Баерн Минхен нема намера летово да го доведе во своите редови Кристијано Роналдо. Ова го тврди спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ, откако утрово се појавија шпекулации дека со парите од продажбата на Роберт Левандовски во Барселона, Баерн ќе тргне по Роналдо.

„Имам огромен респект кон Роналдо, неговите успеси и кариерата. Но, ќе кажам повторно: Тој не е, и нема да биде тема за нас“ – рече Салихамиџиќ.

Агентот на Роналдо врши притисок врз Баерн да го купи Роналдо, но изгледа Баварците имаат поинакви планови.

Извршниот директор Оливер Кан, рече дека имаат усен договор со Барселона за Роберт Левандовски, па откако ќе се завршат формалностите, Полјакот ќе потпише за Каталонците.

Нов договор, до 2026 година, потпиша Серж Гнабри.

- Оглас -

Најнови вести