Милер се прости од Левандовски со интересна монтирана слика: Јас бев Пипен, а ти Џордан (Фото)

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, преку социјалните мрежи, на интересен начин се збогува со Роберт Левандовски, со кој во последните 8 години беа тандем кој претставуваше страв и трепет за противничките одбрани.

Левандовски кариерата ќе ја продолжи во Барселона, а Милер му се заблагодари на Полјакот и му посака среќа во иднина со фотографија на која во оригинал се кошаркарите на Чикаго булс, Мајкл Џордан и Скоти Пипен.

На таа слика од 1997 година, славниот тандем на Булс прославува победа над Јута џез во петтиот меч од големото финале во НБА лигата. Милер својата глава ја вметна на местото на Пипен, а Левандовски го смета за Џордан.

- Оглас -

Најнови вести