Германската атлетичарка Леа Мајер, беше една од ѕвездите на Светското првенство во атлетика, не поради некој феноменален резултат, туку затоа што на трката на 3.000 метри стиплчејс, се сопна на пречката кај која има и базен, па падна во водата.
Мајер падна незгодно, беше мокра од глава до пета, но продолжи да трча. Сепак, ритамот ѝ беше нарушен, па го освои само осмото место во својата квалификациска група и не успеа да се пласира во следната рунда.