Легендата на францускиот фудбал, Лилиан Турам, има двајца синови кои се одлични фудбалери и ја продолжуваат семејната традиција.
Крилото Маркус кој има 24 години веќе е докажан, во дресот на Борусија Менхенгладбах има одлични партии, а за 21-годишниот Кефрен, кој е член на Ница, висок е над 190 сантиметри и игра во средниот ред, се интересира Пари Сен Жермен.
Ако Кефрен го послуша советот од татко му кој има огромно фудбалско искуство, и освои многу трофеи, тогаш треба да ја одбие понудата од Светците.
Според Лилиан Турам, подобро е син му Кефрен летово да остане во Ница и таму да го продолжи својот развој, а не да се залетува по пари и да оди во парискиот дрим-тим, каде тешко дека би имал голема минутажа.