Тоа е бизнис: За само две години го продадоа за 100 пати повеќе од тоа што платија за да го купат

Холандскиот првак Ајакс е еден од најактивните клубови на европскиот трансфер пазар. На Амстердам арена за рекорден трансфер од 31 милиони евра пристигна Стивен Бергвајн од Тотенхем, додека од Амстердам во Манчестер јунајтед беше испратен Лисандро Мартинез и тоа за сума од речиси 50 милиони евра.

Ајакс сега мора да најде замена за Лисандро во дефанзивниот ред и тоа треба да биде Калвин Беси од Глазгов Ренџерс. Беси е млад 22-годишен дефанзивец кој може да игра како стопер или лев бек, а во Ренџерс помина две сезони во кои одигра вкупно 50 меча.

Шкотскиот гигант го купи Беси за само 270.000 евра од Лестер, а со игрите кои ги покажа посебно во минатата сезона го привлече вниманието на Ајакс. Се очекува Ренџерс да го продаде дефанзивецот за сума од 27 милиони евра, односно 100 пати повеќе од тоа што потроши за негово купување. Од таа сума 22 милиони ќе бидат дадени веднаш, а пет милиони треба да бидат исплатени во вид на бонуси. Глазгов би добил и 10 отсто од следниот трансфер на Беси.

Младиот Беси оваа година дебитираше и во репрезентацијата на Нигерија и веќе запиша шест настапи.

- Оглас -

Најнови вести