Кога ќе влезе во ритам, Никола Јокиќ дефинитивно е незадржлив. Српскиот центар беше најзаслужен за победата на Денвер на гости кај Мајами од 103:99. За 40 минути поминати на теренот, Јокиќ имаше 29 поени, 11 скока и 10 асистенции, што е негов четврти трипл-дабл сезонава, а вкупно 20-ти во кариерата на НБА.
Феноменалната игра Јокиќ ја заокружи со поени за победа на неговиот тим. При резултат 99:99, Денвер имаше напад, а Јокиќ погоди на 2,4 секунди до крајот.
Nikola Jokic puts the @nuggets in front with 2.4 remaining!#MileHighBasketball 101#HeatCulture 99
MIA basketball on NBALP: https://t.co/L3VurkatG8 pic.twitter.com/ZJV11CWqwS
— NBA (@NBA) January 9, 2019
Победата на гостите е уште послатка ако се знае дека Мајами имаше предност од 93:87 на пет минути пред крајот. Тогаш Јокиќ со шест поени во низа го врати Денвер во игра, а на крајот ги даде и решавачките поени. Во текот на целиот меч ниту еден од двата тима немаше поголема предност од девет поени, па очекувано беше победникот да се решава во последните секунди, а тогаш Србинот е главен.
Оклахома на свој терен загуби од Минесота со 119:117, а првата ѕвезда на домаќините, Расел Вестбрук, во последните секунди од средбата имаше два шута за победа, но не ги погоди ударите за три поени, па гостите се радуваа. Вестбрук со 25 поени беше прв стрелец кај Оклахома, но за три поени успешен беше само еднаш од шест обиди.
На клупата на Минесота беше Рајан Сандерс, син на прославениот Флип Сандерс. По отказот што тренерот Тибс го доби од Минесота, Рајан стана привремен тренер на „волците“, а сега се израдува на првата победа, и тоа на гости кај Оклахома.
Резултати: Кливленд – Индијана 115:123, Филаделфија – Вашингтон 132:115, Мајами – Денвер 99:103, Торонто – Атланта 104:101, Оклахома – Минесота 117:119, Феникс – Сакраменто 115:111, Голден стејт – Њујорк 122:95, ЛА клиперс – Шарлот 128:109.