Sport Life ги објави коефициентите за сите 12 натпревари од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите што ќе се играат утре и задутре и според квотите за првите дуели македонскиот првак Шкупи е најголем аутсајдер.
Чаирчани утре од 21 часот ќе играат на „Максимир“ во Загреб против Динамо и коефициентот за победа на Шкупи е огромен и изнесува 26.
И квотата за реми е највисока во однос на сите натпревари и изнесува точно 8 во Sport Life.
Тој е трендот и во светските обложувалници, па за победа на Динамо Загреб се нуди од 1.09 до 1.11.
Токму понудата на Sport Life за победа на Динамо е 1.11 што е најмалата единица на сите 12 први натпревари од второто квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите.
Сепак Динамо ќе треба на терен да покаже дека е подобар, па македонскиот првак не губи надеж и верува во подвиг веќе на првиот дуел, утре од 21 часот.