Левандовски порача: Време е за Барса да се врати на шампионски патеки!

Барселона и Роберт Левандовски си го остварија заедничкиот сон, склучија соработкакоја гарантира нови успеси на клубот, односно враќање при самиот врв во Шпанија и Европа.

Полјакот ноќеска слета во Мајами и веднаш се приклучи на екипата на Чави Ернандес за претсезонските подготовки, а од таму порача дека е време Барса повторно да освојува титули.

„Конечно сум тука. Среќен сум што сум играч на Барселона. Последниве денови беа навистина долги, но конечно се заврши работата и сега можам целосно да се фокусирам на моите нови обврски. За мене ова е ново поглавје и нов предизвик во животот и кариерата. Отсекогаш сум бил човек што сака да победува, не само натпревари, туку и да освојува титули. Оваа екипа предводена од Чави може да го стори токму тоа, време е да ја вратиме Барса на шампионските патеки“, истакна Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести