Хрватски бек на слатки маки, бира меѓу Минхен и Манчестер

Борна Соса, левиот бек на Штутгарт, по одличната сезона го привлече вниманието на неколку европски гиганти, па сега се најде на слатки маки.

Имено, Баерн Минхен и Манчестер сити нудат 25 милиони евра за поранешниот младинец на Динамо Загреб. Штутгарт нема аргументи да го задржи, па само прашање на време е на кој клуб ќе падне изборот на Соса.

Кој и да е неговиот избор, нема да погрешни, Баерн и Сити се клубови кои речиси гарантираат трофеи.

- Оглас -

Најнови вести