Енцо Зидан е син на прославениот француски фудбалер Зинедин Зидан. Тој требаше да биде наследник на татко му, но не е така. Енцо започна во академијата на Реал Мадрид, играше за Реал Мадрид Ц, а потоа и за Б тимот на Кралскиот клуб. Доби шанса и за деби во најдобриот состав на најтрофејниот шпански клуб кога играше во еден меч од Купот на Шпанија.
Сепак, Енцо кој сега има 27 години, е далеку од успесите на неговиот татко. Откако си замина од Реал Мадрид играше за Алавес, па Лозана Спорт, Рајо Маџадахонду, Авес и Алмерија, а минатата сезона ја помина во екипата на Родез во втората француска лига.
Во 16 меча за Родез, енцо не успеа да постигне ниту еден гол, а немаше и ниту една асистенција. Затоа и си замина од овој клуб, а сега потпиша за шпанскиот третолигаш Фуенлабрада.