Себастиен Але ги напуштил подготовките на Борусија Дортмунд во Швајцарија затоа што му е откриен тумор на тестисите.
Спортскиот директор Себастијан Кел, изјави дека ова е шок и за напаѓачот кој дојде од Ајакс како големо засилување за клубот и замена за Ерлинг Халанд. Кел рече дека Борусија ќе се потруди 28-годишниот фудбалер од Брегот на Слонова Коска да има најдобар третман и што побрзо да им се врати.
Але го немаше во составот на Борусија на контролниот меч со Валенсија, се пожалил дека не му е добро, па заминал на дополнителни испитувања, на кои бил откриен туморот.