Според Трансфермаркт, Динамо Загреб има 20 пати поскап состав од Шкупи, и тоа е само еден од показателите кои покажуваат каков е односот на силите помеѓу хрватскиот и македонски првак. Но, тоа е само на хартија, на терен ќе се види дали чаирчани може да му парираат на противникот.
Хрватите се убедени во победата, а за нив, тренерот Гоце Седлоски, кој е динамова легенда, е најпознатото име во Шкупи.
Освен што Динамо за кој играат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, е проценет на 100,5 милиони евра, а Шкупи на 5,5 милиони, Модрите од Загреб имаат и поискусен тим за 1,4 години според возраста на фудбалерите, а имаат и 11 репрезентативци, додека Шкупи има само еден. Според бројот на странци, Динамо има 13, а Шкупи 11.
Бројките и квотите во Sport Life го фаворизираат Динамо, на Шкупи е да покаже дека има квалитет.