Невиден циркус се случи во романскиот фудбал и нешто што досега не се случило во историјата на фудбалот, а во фокусот беше судијата Георге Гаман на мечот меѓу Петролул и Волунтари.
Во моменти кога Гаман досуди пенал за Волунтари имаше протести на трибините, а судијата му покажа црвен картон на возачот на клупскиот автобус на Петролул.
Шоферот веднаш бил зад клупата на домашниот тим и бил еден од најголемите бунтовници по досудениот пенал.
Petrolul – Voluntari. Ref. George Gaman showed a red card to Petrolul's bus driver, who was sitting on the sidelines and protested after a penalty was awarded against his team. Literally. Romanian football is AMAZING. pic.twitter.com/eJrd9DzNed
— Emanuel Roşu (@Emishor) July 20, 2022