Конечно се најдоа јунаци што го надмудрија Ајакс за млад играч, без мака им ќарија 17 милиони евра

Германскиот бундеслигаш Лајпциг го надмудри Ајакс и ќе излезе ќар 17 милиони евра, колку што прифатија за трансфер на 20-годишниот Брајан Броби.

Целата приказна е многу интересна бидејќи Ајакс ретко губи на пазарот кога станува збор за трансфери на млади играчи.

Броби е токму производ на веројатно најдобрата Академија за млади играчи на светот, односно е член на Ајакс од осмата година.

Но, лани изненадувачки одби да го продолжи договорот, па му беше дозволено без отштета да замине во Лајпциг.

Кај бундеслигашот не се истакна и беше вратен во Ајакс како позајмен играч, но со мудар потег на Управата на германскиот тим, без право на откуп на договорот од страна на холандскиот клуб.

Броби одигра одлично за Ајакс од декември 2021 година сè до крајот на сезоната и сега Лајпциг прифати да му го продаде на холандскиот гигант за 17 милиони евра.

Брајан беше член на Лајпциг само пет месеци и му донесе убав ќар од 17 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести