Барселона на интересен начин се извади за големиот кикс што не им дозволи навреме да печатат дресови со името и презимето на големото засилување Роберт Левандовски.
Им фалеше едно парче од мозаикот, и тоа многу важно, а конечно најдоа решение за дупло В, односно буквата „W“ и веќе почнаа со печатење на новите дресови на популарниот Лева.
Mucha expectación en la Barça Store para comprar la camiseta de Lewandowski pic.twitter.com/G7A7QRGM2U
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) July 21, 2022
Полјакот пристигна во редовите на шпанскиот гигант од Баерн ова лето за сума од 45 милиони евра, плус можни бонуси од пет милиони евра.