Подобриот од двомечот меѓу Ворскла и АИК Стокхолм многу веројатно ќе треба да се соочи со Шкендија во третото квалификациско коло во Лигата на конференциите бидејќи тетовци имаат 2-1 против Валмиера по првиот меч и се блиску до пласман во следното коло.
Чекор поблиску кон такво нешто е Ворскла, која вечерва славеше со 3-2 во првиот меч благодарение на евроголот што го реализира Артем Челијадин во 69-тата минута. Домашниот фудбалер испрати неодбранлив проектил од 30-тина метри кон противничкиот гол, топката удри во двата диреци пред целосно да ја помине гол-линијата.