Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го загуби четврфиналниот дуел од Естонија со убедливи 81:59, по кој пулените на Никола Василев претрпеа елиминација во четвртфиналето на Европското првенство за млади играчи во Б дивизијата.
Нашите кошаркари потфрлија во второто полувреме и покрај тоа што добро се држеа во првите две четвртини. Наместо да се анулира негативата од 10 поени од првиот дел, Македонија постигна само четири поени по пет минути игра во третиот период и ѝ дозволи на Естонија да избега на +20 и да го одведе мечот кон мирен крај.
Марко Миловановиќ беше светла точка во нашиот национален состав со 18 поени, Естонците ги предводеше Сурорг исто така со 18 поени.