По девет години поминати во дресот на Вардар, Тимур Дибиров си замина од Скопје и потпиша за хрватски Загреб. Дибиров со Вардар освои две титули европски првак, имаше договор и за следната сезона, но реши да си замине поради неисплатени долгови.
„Основна работа што сакам е да продолжам да играм, но и да победувам. Останувањето во Вардар веќе немаше смисла веќе, тоа беше само мачење. Посебно сум приврзан со Вардар, бидејќи со него ги имав најдобрите моменти во кариерата. Тоа се работи кои никогаш нема да ги заборавам. Во Скопје бев девет години и бев како да сум дома, но јас сум професионалец и решив да ја прифатам понудата на Загреб“, вели Дибиров за хрватски медиуми.