Манчестер со двоен потоп во Перт: Водеше со 2:0, а на крајот не победи во меч кој во еден момент наликуваше на ватерполо дуел (Видео)

Манчестер јунајтед и Астон вила ремизираа 2:2 во контролен меч одигран во Перт, Австралија, додека Пари Сен Жермен славеше лесно со 3:0 на гости во Јапонија против Урава.

Санчо погоди за Црвените ѓаволи за водство од 1:0, а со автоголот на Кеш пред крајот на првото полувреме Манчестер јунајтед водеше со 2:0. Првото полувреме го одбележа и обилниот дожд кој паѓаше додека траеше мечот, па теренот се претвори во калливо поле.

Во второто полувреме, Астон вила покажа дека нема да се предаде и најпрво со голот на Бејли во 49 минута намали на 1:2, а Чамберс буквално во последните секунди од средбата израмни на 2:2.

За разлика од Манчестер, ПСЖ покажа стабилност и лесно го победи тимот на Урава. Светците уште во првото полувреме поведоа со 2:0, а посебно добар беше голот на Мбапе.

Во второто полувреме погоди Калимуендо за 3:0 за фаворитот.

- Оглас -

Најнови вести