Три години е во Реал Мадрид и никогаш не играл на „Ел Класико“ – Еден конечно ќе заокружи број еден во Лас Вегас

Еден Азар според најавите од таборот на Реал Мадрид конечно ќе игра на „Ел Класико“, против Барселона, што се смета за најголемото фудбалско дерби на планетата.

Белгиецот е подготвен по тригодишен престој во Реал, конечно да игра на вечното шпанско дерби против Барса, овојпат во Лас Вегас, рано наутро со почеток од 5 часот.

Азар пристигна во Реал во 2019 година, но поради честите повреди и лошата форма прикажа малку од својот репертоар и не му се погоди да игра на ниту еден меч на популарното „Ел Класико“.

Сега е време за Еден да заокружи број еден во градот на коцката, Лас Вегас и да го запише првиот настап на спектакуларен меч.

Најавено е дека за Реал сигурно нема да играат Карим Бензема и Карвахал.

 

- Оглас -

Најнови вести